Назначен нов директор на „Куманово-гас“
20.09.2018 13:03
| KumanovoNews
Никола Денковски, магистер по економски науки на УКИМ, денеска е назначен за в.д. директор во ЈП „Куманово-гас„.

Денковски од 2010 година работи во ЈП „Куманово-гас“, како раководител во одделението за финасии.
Доаѓа на местото на досегашниот директор Драган Петровски, на кој му заврши 4 годишниот мандат.
Денеска е извршено примопредавање на директорската функција.