×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неизвесно доделувањето на „Ноемвриската награда“, поради не конституиран Совет

    02.11.2017 12:41 | KumanovoNews

    Под знак прашање е доделувањето на „Ноемвриската награда“, највисокото општинско признание, поради тоа што не конституиран Советот на Општина Куманово.

    Неизвесно доделувањето на „Ноемвриската награда“, поради не конституиран Совет

    Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди од предходниот советнички состав на 9 октомври годинава го распиша конкурсот за доделување на „Ноемвриска награда“, кој траеше до 31 октомври, но сега нема кој да ги разгледа предлозите и да изврши избор, бидејќи не се изберени членови на комисијата.

    Советот заедно со градоначалникот е организатор на манифестациите за Денот на ослободување на Куманово. На предлог на градоначалникот Советот ја усвојува програмата за прославување на празникот и се одобруваат средства за таа намена.  Празнувањето обично започнува на почетокот на месецот со т.н. Ноемвриски денови со секојдневни спортски и културни настани. Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди го врши изборот на добитниците на Ноемвриска награда, и ги доделува на свечена седница. Тогаш,  покрај градоначалникот, обраќања имаат и претседателот на Советот и советници од етничките заедници кои живејат во општината.

    Иако по завршувањето на првиот круг на локалните избори беше најавено дека Советот ќе се формира во најкратот можен рок, токму поради одбележување на „11 Ноември“- Денот на ослободување на Куманово, тоа досега не е сторено. Од СДСМ, кој има најголем број на советници најавуваат конститутивна седница за наредната недела, откако ќе завршат политичките договори и преговори со коалициони партнери на локално ниво.

    „Политичките преговори за мнозинство во Советот, принципиелно, ги запревме во текот на вториот изборен круг. По завршување на изборниот процес продолжуваме со преговорите и се надевам дека ќе завршат во најкраток можен рок, и конститутивната седница ќе ја свикаме во текот на нередната недела“, - изјави Атина Мургашанска, носител на листата на советници на СДСМ.

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека коалицирањето и составувањето на ново мнозинство е политичка работа, бидејќи има голем број на политички субјекти во новиот состав на Советот.

    „Ние сме два паралелни органи, јас како градоначалник и Советот. Имам намера да дадам комплетна логистичка подршка во конституирање на Советот. Се надевам дека до празникот 11 Ноември ќе успее да се конституира новото мнозинство, да се избере претседател и советнички групи, и да ги донесат сите оние акти согласно кои ќе продолжи непречено да функционира локалната самоуправа“, - изјави Димитриевски.

    Неофицијални извори велат дека и да се конститура Советот наредната недела нема да се стигне да се изберат добитници на Ноемвриска награда.