×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Немаше предлог од опозицијата за поставување споменик на бранителите, тврди Мургашанска

    01.06.2018 11:26 | KumanovoNews

    Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека советниците од коалицијата на СДСМ не го прифатиле предлогот на опозицијата за поставување споменик за загинатите полицајци во Диво Насеље. 

    Немаше предлог од опозицијата за поставување споменик на бранителите, тврди Мургашанска

    “Советот на Општина Куманово ниту расправал, ниту одбил да донесе одлука за поставување на споменик на припадниците на безбедносните сили, кои ги изгубија животите во настаните во Диво Насеље, од едноставна причина што не дојде до таков предлог од никого, па ни од опозицијата. Не беше прифатен само предлогот за формирање на Комисија за изработка на Програма за одбележување на значајни настани и личности, затоа што тоа е веќе опфатено со постојните работни тела на советот и усвоените програми. Сведоци за тоа кој ја говори вистината се гледачите на директниот телевизиски пренос и целосната снимка од завчерашната седница на Советот на Општина Куманово“, - изјави Мургашанска на прес-конференција.  

     Таа додаде дека на седницата со ниту еден збор не биле спомнати бранителите, со чие имиња сега бесрамно се манипулира за дневно-политички потреби и ефтини политички поени и се поигрува со чувствата на семејствата на загинатите и пошироката јавност, за настан за кој се уште нема судска разрешница, а се случил во времето на владеењето на Никола Груевски и ВМРО- ДПМНЕ, кои се единствено одговорни за мирот и безбедноста на граѓаните во тоа време.

    Мургашанска вели дека неуспешниот обид за искривување на фактите и дезинформација на јавноста и нервозата на членовите на ВМРО- ДПМНЕ е поради падот на рејтингот на нивната партија, а особено на нивниот лидер.