Невремето остави повеќе села без струја
25.05.2015 09:28
| KumanovoNews
Невремето, кое вчера попладне го зафати кумановскиот регион предизвика проблеми на системот со напојување со електрична енергија.

Поради дефект на електричната мрежа без напојување со електрична енергија се селата: Тромеѓа,Бајловце, Дренак, Војник, Черкезе,Ново Село,Умин Дол и Љубодраг и нас. Ајдучка Чешма.
Во Општина Старо Нагоричане без струја се селата: Старо Нагоричане,Пелинце, Драгоманце и Стрновац.
Во Општина Липково без електрично напојување се: Опае, Лопате и Ропаљце.