Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка
13.02.2018 14:51
| KumanovoNews
По двочасовната блокада од поранешните вработени во текстилната фабрика „Веибо груп“, нормализиран е сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Блокадата предизвика километарски колони во двата правци, а беа пропуштани само возилата на Итна медицинска помош.
Протестот на работниците се организира поради не исплатените три плати, придонеси и прекувремени работни часови.
Работниците неполни две седмици бараат и остварат нивните работнички права.
Иницијативниот одбор најавија блокади на патот и утре од 12 до 14 часот, на клучката кај влезот во Крива Паланка.