Нова урбана опрема за продажба на отворено
19.12.2017 16:05
| KumanovoNews
Десетина нови тезги за продажба на украси по повод новогодишните празници денеска беа поставени пред Центарот за култура во Куманово.

Новата урбана опрема е донација од здружението на угостители „Бисер“ на Општина Куманово.
„Цената која ќе ја плаќаат закупачите е симболична, од 150 до 200 денари дневно. Сакам да им се заблагодарам на донаторите за овие мобилни пунктови за продажба, кои ќе се користа за овој тип на продажба во градот и за други манифестации“, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Тој ги повика закупувачите да ја чуваат и да не ја оштетат новата урбана опрема.