Нови директори во гимназијата и техничкото училиште
06.11.2017 15:47
| KumanovoNews
Марија Тодоровска е новa в.д. директорка на гимназијата “Гоце Делчев“, а Драган Јаневски в.д. директор на ОСТУ “Наце Буѓони“ во Куманово.

Марија Тодоровска е дипломиран музиколог, како наставник по музика во гимназијата работи од 1991 година, а од април 2017 ја извршуваше функцијата помошник директор. На функцијата доаѓа на местото на досегашната директорка Соња Тодоровска, која стана дел од Советот на Општина Куманово.
Драган Јаневски е дипломиран електро инжинер и наставник во училиштето од 1997 година. Од 2008 година до денес ја извршуваше функцијата заменик директор, а доаѓа на местото на Лидија Михајловска.