Нови вработувања во јавните претпријатија и институции
18.04.2018 11:25
| KumanovoNews
Нови вработувања ќе има во јавните претпријатија и институции во Општина Куманово.
Советниците на утрешната седница треба да дадат согласност за нови вработувања во 2018 и 2019 година во градинаката „Ангел Шајче“, Домот за стари лица „Зафир Сајто“, библиотеката „Тане Георгиевски“ и јавните претпријатија „Куманово-паркинг“, „Водовод“, „Куманово- гас“.
Нови работни места ќе се отворат и во ЈП „Куманово-план“, што планира да го формира Општината.
Пред неколку седница беше дадена согласност за вработување на 20 лица во Општина Куманово.