Ново поскапување на горивата во Македонија
Од полноќ поскапуваат бензинот и дизелот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер 95 од полноќ ќе се продава за 73,5 денари, додека пак Еуросупер 98 ќе биде 75,5 денари. Во двата случаи зголемувањето е за 2 денари.
Дизелот, исто така поскапува за 2 денари и од сегашните 63 денари, од полноќ ќе биде 65 денари.
Екстра лесното масло горење ќе биде 54 денари, додека пак мазутот 34,5 денари.
Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,56 %,односно за 3,90 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 14.05.2018 година.