×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишен базар во „Перо Наков“

    25.12.2015 09:28 | KumanovoNews

    Новогодишен базар вчера и денеска се одржува во средното училиште „Перо Наков“.

    Новогодишен базар во „Перо Наков“

    Граѓаните, родителите, учениците можат да купат од производите кои се нудат, а собраните средства ќе одат во хуманитарни цели.

    Има новогодишни украси, честитки, марами и други изработки кои се направени од учениците од текстилната струка со нивните ментори на часовите по практична настава. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарна цел,  за помош на една самохрана мајка со дете од Куманово. Базарот е отворен за ученици, родители, за луѓето кои живеат во близина во нашиот реон - изјави Лидија Тасевска, директорка на „Перо Наков“.

    Традиционалниот новогодишен базар се одржува трета година по ред, и денеска ќе заврши во 18 часот. Во пресрет на празниците, училиштето е украсено и владее празнична атмосфера.