Новогодишен музички хепенинг на градскиот плоштад
29.12.2017 10:44
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад Куманово, денеска напладне Дедо Мраз ќе однесе подароци за најмладите, по што ќе следува музички хепенинг.

За забава на најмладите со неколку музички точки ќе настапат членови на модерни и балетски танци, децата од дневните центри за лица со попреченост и училишен хор.
Присутните ќе ги поздрави градоначалникот Максим Димитриевски.
Музичкиот хепенинг ќе продолжи вечерва од 21 часот до полноќ со настап на забавни и рок групи.