Новогодишна честитка од градоначалникот Димитриевски
Градоначалникот Максим Димитриевски, по повод новогодишните празници упати честитка до граѓаните на Општина Куманово.
„2017 година беше година на големи предизвици, турбуленции и година на промени. Го вративме животот во Македонија и избравме ново локално раководство. Ви благодарам за сето што го дадовте и го направивте за нашиот град, за нашето општество. Ви посакувам успешна 2018 година. Година во која ќе најавиме поголем раст и креирање на едно модерно и убаво Куманово. Ја користам оваа прилика во мое име и во името на општинската администрација да ви посакам престојните празници да ги поминете во мир и благосостојба, со најблиските и да ги споделите заедничките добра и да ги прославите празниците во домот со најблиските. Ви посакувам многу здравје, успех, среќа, просперитет. Во 2018 година сите заедно да се избориме за едно поубаво и подостоинствено место за живеење, за едно модерно, успешно, проевропско Куманово. Среќна Нова Година, - изјави градоначалникот Димитриевски.