Новогодишна честитка од ВМРО-ДПМНЕ Куманово
Новата година и Божиќ се празници кои биле и останале симбол за добрина и надеж. За желби за мир, љубов и слога.

За моменти кога децата и родителите си приредуваат само радост и среќа. Тие се моменти на оптимизам, на нова енергија и на нова сила. Моменти за солидарност и заедништво. Моменти кога ни се буди надежта дека ќе го сториме сето она што сé уште не сме успеале или не сме можеле. Нека Новата 2018 година ни донесе позитивни случувања, мир, стабилност и економски развој. Сите заедно, сплотени и единствени да продолжиме да работиме за Македонија. Во овие денови на радост и молитва посакуваме неправедно притворените патриоти да се вратат во своите семејства и заедно со нив си ги дочекаат празниците.Ви посакуваме да Ви се исполни сето она што сте го планирале. Да ви се случи сето она што сте го замислиле. Нека вашите домови бидат исполнети со радост , среќа и во добро здравје и пријатно расположение со Вашите најблиски да ги поминете празниците кои следуваат .Среќни Новогодишни и Божиќни празници !Нека Ви е среќна и успешна Новата 2018 година!- стои во честитката од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.