НСДП ги повика граѓаните да гласаат за референдумот
Од општинската организација на НСДП денеска ги повикаа нивните сопартијци и граѓаните масовно да излезат на 30 септември и да гласаат за европска Македонија.
- Сведоци сме дека од осамостојувањето на државата постојано сме исправени пред предизвици, кои ја одредуваат нашата иднина. Рефендумот од 1991 година покажа дека македонскиот народ има воља и сила да живее и работи во самостојна и независна држава, самостојно одлучувајќи за превземање на секој чекор, кој води до успех и просперитет на државата. Јазот кој се направи со спорот околу името со Република Грција, сите го чувствуваме со години наназад. И додека нашите соседи одат напред со развојот и унапредувањето на своите општества во секој поглед, забележливо е стагнирање на Македонија во однос на нив. Наша одлука е дали и понатаму ќе останеме затворена, изолирана и помалку вреднувана држава или ќе одбереме пат на развој, раст и просперитет, - изјави Фросина Стевановиќ од НСДП.
Таа ги повика граѓаните да донесат правилна одлука и на 30 септември да излезат на референдум и да се изјаснат за европска и просперитетна Македонија, како рамноправна членка на НАТО и ЕУ.