НСДП повика на масовност на осмомартовскиот марш
НСДП како лево ориентирана партија, чија основна идеологија е социјалдемократијата се залага за промоција на концептот за социјална, економска еднаквост на граѓаните во Република Македонија.

„Организацијата на жени на НСДП Куманово, подржана од раководството на партијата оваа година активно се вклучува на големиот традиционалем осмомартовски марш, кој го организира нашиот коалиционен партнер СДСМ. Маршот ќе се одржи во недела со почеток во 12 часот, по што сите заедно по улиците на Куманово ќе се упатиме на Градскиот плоштад. Затоа почитувани сограѓани, членови, членки и симпатизери на НСДП, претставнички на понежниот пол и сите подржувачи на концептот за родова еднаквост ве повикуваме што помасовно да се собереме заедно и што помасовно да дадеме подршка на осмомартовскиот марш“, - изјави Фросина Стевановиќ од НСДП.