Обединетата српска заедница организира Српска вечер
Обединетата српска заедница Куманово, по повод Стара Нова година, традиционално по 20. пат организира Српска вечер.

Прославата ќе се одржи во ресторанот Лав на 13 јануари со почеток во 20 часот, а музички гости ќе бидат српскиот пејач Дарко Филиповиќ и групата Сесија бенд.
„По неколкугодишна пауза Обединетата српска заедница повторно организира Српска вечер, на која ќе ја прославиме православната Нова година. Прославата ќе биде збогатена со културно-забавна програма со учество на естрадниот уметник Дарко Филиповиќ, кој е познат по одличните забави. Ги повикуваме граѓаните да дојдат заедно да славиме “, - изјави Часлав Јовановиќ, претседател на Обединетата српска заедница Куманово.
На прославата се очекуваат гости од Амбасадата на Република Србија, од централната власт и локалната самоуправа Куманово.
Информации и резервации на телефоните: 070/258-186 и 078/553-516.