Обединетата српска заедница утре ќе ја одбележи 77 годишнината од загинувањето на српските пилоти
Обединетата српска заедница Куманово и Српската странка во Македонија, утре во 7.45 часот на Споменикот на авијатичари во населбата Којнаре ќе ја одбележи 77 годишнината од загинувањето на српските пилоти .
Свеќи ќе запалат и цвеќе ќе положат делегации од заедницата, партијата, невладини организации и граѓани, а на присутните ќе им се обрати претседателот ОСЗ Часлав Јовановиќ.
Осумте пилотите од Петиот ловечки полк на војската на Кралството Југославија, загинале на 6 април 1941 година во 4.30 часот на воениот аеродром Аџитепе од германската авијација, два часа пред бомбардирањето на Белград и почетокот на Втората светска војна на балканските простори.
По завршување на поменот присутните ќе заминат на одбележување на Валандовската битка во Удово.