×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен оглас за грантови за самовработување

    02.04.2018 07:33 | KumanovoNews

    Невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Македонија можат да аплицираат на огласот за грантoви вредни 246.000 и 307.000 денари, неповратни средства што ги доделува државата за отворање сопствен бизнис.

    Објавен оглас за грантови за самовработување

    Лицата коишто ќе аплицираат можат да добија опрема или репроматерјали во предвидениот износ. Фирмата има обврска да работи и покажува резултати и вработените да ги задржи најмалку 2 години.

    „Оваа година новина е што може да дојде до здружување за една иста бизнис идеја, значи две лица да аплицираат, да го поминат целиот пат на обука и да им се направи бизнис план и да регистрираат друштво со ограничена одговорност и да земат 615.000 денари. Тоа е најголемата новина оваа година, а имаат можност за вработување на уште едно дополнително лице за што плус добиваат дополнителен грант во висина од 92.000 денари за лице постаро од 29 години и 153.750 денари за лице до 29 години, - изјави Младена Јакимовска, соработник во Центар за вработување Куманово.

    Мерката е отворена до пополнување на бројката, поради што селектирањето ќе биде на месечно ниво.

    Сите информации за огласот можат да се добијат во Центарот за вработување Куманово.