×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обука за мапирање на енергетската транзиција се одржа во Куманово

    22.12.2017 09:11 | KumanovoNews

    “Вовед во мапирање на енергетска транзиција“ беше насловена втората обука, која ја организираше Центарот за развој на Североисточниот плански регион и консултанската фирма Балкан девелопмент солутионс БДС од Скопје, во рамките на Проектот ПАНЕЛ2050 – ПАРТНЕРСТВО ЗА НОВО ЕНЕРГЕТСКО ЛИДЕРСТВО 2050 .

    Обука за мапирање на енергетската транзиција се одржа во Куманово

    „Целта на обуката на која учествуваа претставници од општините во регионот, Центарот за развој на Североисточниот плански регион, бизнис секторот и граѓанскиот сектор од регионот, беше да даде вовед во процесот на развивање на мапа за енергетска транзиција, која треба да претставува патоказ за јавниот и бизнис секторот од регионот, како и за граѓаните во целина во: намалувањето на енергетската потрошувачка и емисијата на стакленички гасови; користењето на локалните обновливи ресурси за производство на енергија; креирањето на локални работни места и намалувањето на трошоците за енергија“- изјави Младен Протиќ, деркетор на Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

    Предвидени се уште неколку обуки за засегнатите страни од регионот, кои се носители во креирањето на политиките за користењето на обновливите извори на енергија, по што ќе се започне со процесот на развивање на мапа за енергетска транзиција на регионот, на долг рок до 2050 година и соодветните краткорочни и среднорочни приоритети и цели.

    Проектот е финансиран во рамките на програмата за истражување и развој на Европската унија HORIZON 2020.