×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од Кожара украдени бунди и јакни за 3.5 милиони денари

    12.11.2015 15:14 | KumanovoNews

    За две години комбинатот е оштетен за 3.5 милиони денари.

    Од Кожара украдени бунди и јакни за 3.5 милиони денари

    Кумановската полиција по претходно поднесени пријави од стечаен управник на „Кожарско преработувачки комбинат Куманово“ АД Холдинг во стечај, против непознато лице за извршена кражба на кожа  од магацинот на фабриката, превзеде оперативно тактички мерки при што постојат сомненија дека сторител е Ј.М.(61) од Куманово, претставник на стечајните работници од КПК Куманово.

    На Ј.М. му бил доверен клучот од магацинот и од 2013 година до 2015 година, изнесувал различна роба од магацинот со што е причинета материјална штета од околу 3.550.000 денари.

    По наредба на основен суд Куманово, во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории на три локации, при што со потврда за одземени предмети одземени се разни предмети за кои постои сомнение дека се сопственост на „Кожарско преработувачкиот комбинат Куманово“.  При претресот пронајдени се повеќе од 100 парчиња машки и женски кожни јакни и бунди, 62 бали разновидна кожа , женски здолништа, женски чанти, кожни елеци, мантили, паричници и друго. Сите предмети се запечатени, пренесени во магацинот на фабриката и истиот е пломбиран.

    По целосно расчистување на случајот против Ј.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.