×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од полноќ поевтини горива

    23.07.2018 11:13 | KumanovoNews

    За еден денар поевтинуваат бензините и екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот за денар и половина, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Од полноќ поевтини горива

    Новите цени ќе важат од полноќ. Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а Еуросупер БС 98 ќе се продава за 73 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе чини за 51,5 денари за литар, додека новата цена на  Еуродизелот (Д-Е V) изнесува 62,5 денари.

    Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се намалува за 0,81 денари за килограм и новата цена на овој енергенс ќе изнесува 33,897 денари.

    Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 1,96 проценти. РКЕ ја донесе одлуката врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.