×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од полноќ поскапуваат дизелот и Еуросупер БС-98

    05.03.2018 12:57 | KumanovoNews

    Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС - 98 и на дизелот се зголемува, а ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по стара цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Од полноќ поскапуваат дизелот и Еуросупер БС-98

    ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за половина денар и новата цена ќе биде 67,50 денари за литар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар. Новата цена на дизелот ќе изнесува 58 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46,50 денари за литар.  

    ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 65,50 ден/лит.

    Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,253 ден/кг со што новата цена ќе изнесува 28,109 ден/кг.

    Зголемувањето на цените на нафтените деривати уследи по покачувањето на цената на нафтата на светските пазари во изминатиот 14-дневен период.