Од утре благ пад на температурите
14.11.2015 11:00
| KumanovoNews
Утре се очекува благ пад на температурите за 3 до 5 степени, велат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Температурите утре во земјава ќе се движат од 14 до 19 степени.
Умерен до засилен ветер вечерва ќе се почувствува долж Повардарието, ќе ги опфати и Куманово и Крива Паланка. Засега нема најави за врнежи од дожд. Врнежи од дожд може да се очекуваат дури следниот викенд - вели Маја Којдовска Маркоска, синоптичар во УХМР.
Деновиве имавме високи температури невообичаени за овој период од годинава.