Од утре се очекува разведрување
22.08.2015 11:20
| KumanovoNews
Денеска не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои во западните и источните делови, на некои места се очекува да бидат поинтензивни, соопштуваат од УХМР.

Попладне во јужните делови ќе има локален пороен дожд со ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 12 до 20, а дневната од 21 до 28 степени, а УВ индексот ќе има вредност 6.
Од недела следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.