Од задутре обнова на документи за социјална парична помош
13.11.2017 11:13
| KumanovoNews
Од среда започнува постапката за обновата на документи за социјална парична помош за граѓаните на Куманово и соседните општини Липково и Старо Нагоричане.
Од Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово информираат дека од 15 ноември 2017 година стартува годишната обнова на документи за корисници на социјална парична помош, која ќе трае до 31.12.2017 година.
Корисниците со себе треба да понесат лична карта за сите полнолетни членови и носителот на правото лично да го поднесе барањето во Центарот.