×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од затворот К`шање амнестирани 109 затвореници

    30.01.2018 17:50 | KumanovoNews

    Во Казнено-поправната установа затвор К`шање со отворено одделение во Крива Паланка, со Законот за амнестија на осудени лица опфатени се 109 затвореници.

    Од затворот К`шање амнестирани 109 затвореници

    Од нив 71 ќе бидат ослободени целосно, а на 38 лица им се намалува казната затвор.

    „Од затворот Куманово предлозите за амнестија ги доставивме до сите основни судови во државата од кои доаѓаат пресудите, a тие имаат рок од 5 дена да донесат решение за ослободување.  Врз основа на тие решенија ние ќе постапуваме “,- изјави директорот на затворот Марјан Спасовски.

    Затворот К`шање има капацитет за 200 осудени лица и 50 за притвор. Условите во овој затвор се најдобри во однос на другите во државата, бидејќи затворот е нов и беше пуштен во употреба пред 5 години.

    Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда на казна доживотен затвор, убиство, кривични дела против избори и гласање, против полова слобода и половиот морал, кривични дела против државата, кривични дела против јавниот ред и мир, кривични дела против човечноста и меѓународното право. Амнестијата не се однесува и на лицата кои кривичните дела ги сториле по 20.09.2017.

    Се очекува на ниво на државата да бидат ослободени од издржување на казната затвор над 650 лица осудени до 6 месеци, а на 3.000 лица ќе им биде намалена казната за 30 отсто.