Одбележани 74 години од битката на Пелинце
12.01.2018 13:44
| KumanovoNews
Пред споменикот од НОБ во селото Пелинце денеска беа одбележани 74 години од битката во Пелинце, каде загинаа двајца борци од Кумановскиот одред Ангел Шајче и Трифун Ангеловски Летеќи.

Цвеќе положија делегации од Сојузот на борците, општините Куманово и Старо Нагоричане, советници, АРМ, невладини организации и граѓани.
За битката пред присутните говореше Благе Јакимовски, секретар на Сојузот на борците.
Битката на Пелинце била на 13 јануари 1944 година кога партизаните му го задале последниот одлучувачки удар за победа на бугарскиот окупатор во Козјачието. За жал во оваа битка животите ги положиле Шајче и Летеќи.