Одбележување на Денот на таткото во “Кочо Рацин“
25.09.2015 08:55
| KumanovoNews
Во холот на основното училиште “Кочо Рацин“ денеска во 17.15 часот ќе биде одбележан Денот на таткото.

По тој повод дипломи ќе бидат доделени на наградените ученици од интерниот училишен конкурс на тема “Татковиот збор“. Ќе има изложба на ликовни творби и рецитирање на песни во училиштето, како и скромни подароци за татковците.