Мени

Одбил да се легитимира и нападнал обезбедувач во казино

27.10.2017 12:58 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.А.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Одбил да се легитимира и нападнал обезбедувач во казино

На 04.јули годинава околу 22.30 часот во казино во Куманово, А.А. одбил да се легитимира на вработен во обезбедување во казиното и почнал да го навредува и да го влече.

Во еден момент вработениот паднал по скали и се здобил со телесни повреди.