Одложена вечерашната претстава на Денови на комедија
05.10.2018 13:09
| KumanovoNews
Претставата „Умри машки“ од Николај Алдо, во режија на Коле Ангеловски, која ја игра Штипски театар, одложена е и вечерва нема да се игра на Денови на комедија
Претставата е презакажана за четврток на 11 октомври.
Причините за одложување на претставата се здравствени проблеми на еден од актерите.
Утре на репертоар е претставата „Жена ми се вика Борис“ на Театар комедија од Скопје.