Одложено судењето за смртта на Алмир
15.11.2017 09:47
| KumanovoNews
Во Основниот суд Куманово, денеска беше одложено судењето на Бобан Илиќ, обвинет за прегазувањето на Алмир Алиу(4), пред Здравствениот дом во Куманово.

Причината е смртен случај во семејството на еден од адвокатите на Алиу.
На денешното рочиште требеше да бидат дадени завршни зборови од обвинителството и одбраната за четворицата обвинети, Бобан за убиство, а таткото на Алмир и уште двајца негови роднини за насилство.
Наредното рочиште е закажано за 29 ноември.