Ограбена бензинска во Доброшане
22.10.2015 13:02
| KumanovoNews
Двајца маскирани разбојници утрово околу 3.40 часот ја ограбиле бензинската пумпа “Дет оил“ во населбата Доброшане.

Разбојниците со пиштол и нож му се заканиле на вработениот, одзеле 10.000 денари и побегнале од местото. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите.