Околу 230 кумановски пензионери ќе одат на бесплатна бања
14.12.2015 12:15
| KumanovoNews
Во 2016 година околу 230 пензионери од Куманово ќе одат на бесплатна бања.
Списокот со имињата на пензионерите на кои им е одобрена бесплатна бањско-климатска рекреација е објавен на веб страната на Министерството за труд и социјална политика. Пензионерите ќе одат на бања во период од март до мај 2016 година во Катлановска бања.
Следната година нешто повеќе од сто пензионери од Куманово ќе одат на туристички викенд на трошок на државата.