Оливер Илиевски нов секретар на кумановското СДСМ
23.01.2018 07:58
| KumanovoNews
Оливер Илиевски е новиот секретар на општинската организација на СДСМ Куманово.

На првата седница на извршниот одбор што се одржала синоќа, Илиевски добил едногласна подршка од членовите.
Доаѓа на местото на Томица Илиќ, кој 4 години ја извршуваше функцијата.
Илиевски по професија е економист и пред еден месец беше назначен за раководител во Водостопанство Кумановско-липковско поле.