Опомени наместо казни за лекарите
Олеснување на казнената политика за матичните лекари, најавија од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Нови поволности за матичните лекари и стоматолозите, а како резултат на тоа и изготвување нови анекси на договорите за 2016 година, соопштија од Фондот за здравствено осигурување на Македонија заедно со Стоматолошката комора, Лекарската комора и Здружението на приватни лекари на Македонија. Наместо казни за технички грешки матичните лекари ќе добиваат опомени. Опомената ќе важи само доколку првпат се направи повреда на договорот, а доколку повторно се случи, тогаш се изрекува договорна казна.
Целта на релаксирање на казнената политика и воведување на опомената како прва мерка, според ФЗОМ е од особена важност за зајакнување на партнерските односи со матичните лекари.