Опожарени два автомобили на „Октомвриска“
05.09.2021 17:45
| Сузана Николиќ
Едно возило изгорело, а друго е оштетно, во пожар на паркинг на булеварот „Октомвриска револуција“.

„Во 04,37 часот било пријавено дека во Куманово на ул. „Октомвриска револуција“, било опожарено возило „шкода фабија“ сопственост на Н.Т.(42) од Куманово, а било зафатено и возило „опел корса“. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштува МВР.