Општина Куманово ќе купува беспилотно летало
Општина Куманово вчера распиша оглас за прибирање на понуди за набавка на беспилотно летало ДРОН со дополнителна опрема.

Како што стои во објавата, беспилотното летало се набавува за потребите на Општина Куманово, а проценетата вредност е 200.000 денари без ДДВ.
Од Кабинетот на градоначалникот велат дека дронот ќе служи за откривање на комунални проблеми, односно со него ќе се лоцираат дивоградби, диви депонии, фрлање смет на јавни површини и други аномали.
„Бидејќи Општина Куманово зафаќа голема површина и не може физички да се покрие, за да се добие целосна слика за одредени работи ќе се користи снимка од воздух“, - појаснуваат од Кабинетот на градоначалникот.
Дронот ќе го ракуваат двајца вработени, кои предходно ќе поминат обука за упрвување со беспилотното летало.
(СДК.мк)