×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината сака да го суспендира ДУП-от кај „Школска амбуланта“, жителите поднесоа петиција да остане

    05.06.2023 10:15 | Сузана Николиќ

    Жителите на улиците околу гимназијата „Гоце Делчев“ и “Школската амбуланта“, бараат од Општина Куманово да ја повлече од дневен ред точката за суспендирање на Деталниот урбанистички план (ДУП) во нивниот урбан блок, која треба утре да се најде на седница на Советот на Општина Куманово.  

    Општината сака да го суспендира ДУП-от кај „Школска амбуланта“, жителите поднесоа петиција да остане

    Тие прашуваат како може план кој е донесен само пред две години од истиот состав на Советот,  да се повлекува под образложение дека не ги исполнува условите. Според жителите, со постапката се крши законот, од лични причини, а најголема штета ќе претрпат тие како сопственици на парцелите.

    Граѓаните ја доставиле петицијата до градоначалникот Максим Димитриевски, Комисијата за урбанизам и Советот на Општината.

    Во продолжение во целост ви го пренесуваме апелот до општинските власти.

    На 06. 06. 2023 е закажана 25 -тата седница на Совет на Општина Куманово. Оваа седница е од многу големо значење за градот и граѓаните на град Куманово, бидејќи на истата ќе се полага тест за демократија во општеството. Најзасегнати се граѓаните - сопственици на парцели во старото градско јадро во околината кај гимназијата „Гоце Делчев“ и „Школската Амбуланта“. Истите се крајно револтирани откако увиделе дека на дневен ред се става на гласање суспензија на Детален Урбанистички План за УБ48 (дел2), кој беше во постапка повеќе од една деценија и конечно беше усвоен на седница токму од овој Совет во 2021 година, по бројни измени за штета на сопствениците.  

    Спротивно на сите законски акти од лични побуди и измислени забелешки „пишман аџиите“ како во турско ропство се дрзнуваат повторно да си играат со здравјето и трпението на граѓаните, заборавајќи дека на тие столчиња седат во нивно име.  

    Се поставуваат многу прашање за кои засегнатите граѓани бараат одговор преку петиција потпишана и доставена до: градоначалникот на Општина Куманово,  Совет на Општина Куманово и Комисија за урбанизам.   

    Колку за споредба, населбата е налик на актуелната „1 Мај“ кај Зелен Пазар, блоковска градба со која градоначалниот се гордее и ги превзема сите активности кои наликуваат на една урбана средина (се асфалтираат пристапни улици, се менува режим на сообраќај, се уредува делот на соседната парцела (зелен пазар).   

    Но, за жал во делот на УБ48 (дел 2) се прават незаконски обиди истиот да се суспендира под неиздршани изговори од типот тесни пристапни улици, лажирани мерки за висина на градба од 27 метри и ред други лаги и манипулации. Колку за споредба предметниот урбан блок е за четири пати помал од „1 Мај“. Пристапната улица ул. „Зелен Пазар“ на „1 Мај“ е потесна од новопроектираната улица за предметниот блок, а висината е дури за 6 метри пониска од висината на „1 Мај“.  

    За едни мајка за други маќеа, но зошто е тоа така??? Сега сме ние, утре кој ќе е на ред за изживување и тортура?   

    Од име на сите граѓани, кои се сопственици на имот во горенаведениот опфат што ќе претрпат огромни штета со суспендирање на ДУП-от ве молиме веста да ја објавите со цел да ја запознаеме подобро јавноста и некои советници пред утрешното гласање. Суспендирањето на важечкиот ДУП најмалку ќе ги оштети инвеститорите (што веројатно е и целта на градоначалникот), а најголема штета ќе предизвика на граѓаните сопственици на имот во тој опфат.  

    Во прилог Ви ја испраќаме потпишаната петиција со потписи кои се соберени за помалку од 45 минути.  

     

     

    На утрешната седница советниците треба да расправаат по две точки на оваа проблематика и тоа: Предлог - Одлука за суспензија од примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. ,,Б. С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ - Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3.24ха, со технички број 18/18 од јули 2021, изработен од ДУПИ Планерис ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, донесен со Одлука бр. 09-9525/41 од 28.12.2021 година и  Предлог - Одлука за отпочнување на постапка за изработка на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. ,,Б. С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ - Општина Куманово.