Ослободен еден од уапсените во Тоде Мендол
21.10.2015 09:29
| KumanovoNews
Африм Сулејмани кој беше уапсен во борбите меѓу полицијата и вооружената група во населбата Тоде Мендол, на 9 и 10 мај е ослободен.

Според информациите на Алсат – М од судот, Сулејмани е ослободен во недостиг на докази. Неодамна, неговите роднини побараа ослободување на нивниот син, полицаецот Африм Сулејмани уверувајќи дека тој е невин и дека на денот кога се одвивале вооружените борби, се подготвувал за да оди на работа.
Во првото соопштение објавено од
Јавното обвинителство, беше наведено дека тој учествувал во групата на
лицата кои служеле како логистика.