Осмомартовски марш на СДСМ во Куманово
Форумот на жени на СДСМ, во Куманово, по повод Меѓународниот ден на жената, организира осмомартовски марш под мото „Заедно можеме со љубов за Македонија“.

Маршот ќе се одржи во недела на 4 март, во 12 часот ќе тргне од спортската сала, а ќе продолжи по булеварот „Октомвриска револуција“, улицата Иво Лола Рибар и ќе заврши на Градскиот плоштад во Куманово, каде ќе се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев.
- Ве поканувам сите независно од половата, партиската, политичката, верската и другата припадност, да ни се придружите во ова чекорење во нашата борба и нашето настојување за еднакви права, еднакви можности на жените и мажите. Сакам да нагласам дека во нашето марширање ќе ни се придружат над 5.000 жени од целата држава и истакнати општествено- политички работници, сите заеднички да го кренеме гласот за подобра положба на жената во општеството за еднакви можности и рамноправност,- изјави Атина Мургашанска, координаторка на Форум на жени на СДСМ, Куманово.
Маршот се организира веќе шест години по ред досега, во различни градови низ Македонија.