Осудени лица завршија обука за пекари и заварувачи во затворот Кшање
Дваесет и три осудени лица денеска добија уверенија за стручно оспособување во казнено-поправната установа затвор Кшање во Куманово.

Од нив 12 за пекари и 11 за аргон заварувачи.
„Се надеваме дека ова што го научивме овде ќе ви послужи во понатамошниот живот, откако ќе ја напуштите установата“, - посака присутните на свеченоста, министерката за образование Рената Десковска, претставничката од УНДП Лујза Винтон, директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ и другите гости.
Директорот на затворот, Марјан Спасовски, се заблагодари на сите кои помогнаа во релаизација на проектот, како и на осудените лица кои учествуваат во него, со надеж дека истиот ќе продолжи и во наредниот период.
Обуките ги спроведуваат професори од техничкото училиште Наце Буѓони и земјоделското училиште Киро Бурназ.
Во затворот Кшање, досега обуки завршиле 120 осудени лица.