×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Осум новозаболени од коронавирус во Куманово

    24.05.2020 15:52 | KumanovoNews

    Во Куманово бројот на позитивни на КОВИД-19 се зголемува. Во последните 24 часа регистрирани се 8 нови случаи.

    Осум новозаболени од коронавирус во Куманово

    Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19. Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус.

    - Скопје 12

    - Куманово 8

    - Штип 2

    - Прилеп 2

    - Тетово 7

    - Струга 4

    - Охрид 2

    Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

    - Скопје 2

    - Прилеп 7

    - Велес 2

    Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

    Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на КОВИД-19.