×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен бизнис центар во Куманово

    06.10.2015 09:50 | KumanovoNews

    Бизнис канцеларија, која ќе работи во состав на Центарот за развој на североисточниот плански регион вчера беше отворена во Куманово.

    Отворен бизнис центар во Куманово

    Целта на проектот е да ги поврзе централната и локалната власт со бизнис заедницата во регионот и со тоа да се создадат услови за заедничка соработка и аплицирање на проекти на домашните и меѓународни фондови. Работата на канцеларијата ќе ја финансира Министерството за локална самоуправа, а на свеченото отварање присуствуваше и министерот Лирим Шабани.

    Првична задача на оваа канцеларија ќе биде изработка на софтверско решение каде ќе се опишат сите економски и географски капацитети и потенцијали во регионот, вклучувајчи и законски и подзаконски прописи. Се надевам дека во иднина ова канцеларија ќе даде очекуваните резултати и ќе имаме повеќе проекти, - изјави министерот Шабани.

    За Бизнис центарот за поддршка на приватниот сектор во Североисточниот регион  Министерството издвои 800 илјади денари. Проектот ќе трае до март 2016 година, а бројот на вработени ќе зависи од потребите. Градоначалниците на општините од Североистичниот регион во овој проект гледаат шанса за привлекување на странски инвеститори и развој на регионот, со што ќе се исправат грешките од минатото во најсиромашниот дел во државата.

    Ова е почеток за кој мислам дека во наредните период ќе даде допринос во однос на експанзијата во економскиот дел во регионот, бидејќи знаете дека североисточниот регион е најнеразвиен во државата од сите 6 региони. Мислам дека ова е итекако потребно од позиција што имаме масовно иселување од североисточниот плански регион. На тој начин ќе допримесеме за зацврстување на бизнис климата и развојот на регионот, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Директорот на Центарот за развој на североисточниот плански регион Младен Протиќ најавува дека за потребите на бизнис центарот ќе бидат изработени: веб портал, регионална програма и акционен план, водич за инвестиции и потенцијалот на регионот.

    Досега вакви канцеларии се отворени во пет региони, кои веќе ги дале очекуваните резултати,  а истото го очекуваат и бизнисмените и претсавниците на институциите во североисточниот регион.