Отворен нов ноќен клуб „Инфинити“
Менаџерскиот тим најавува луди журки и забава од четврток до недела, во извонредно уреден простор, со одлично осветлување и озвучување, беспрекорна услуга и пристапни цени

Од синоќа започна со работа нов ноќен клуб во градот. Станува збор за клубот „Инфинити“, кој се наоѓа на улицата „Иво Лола Рибар“ бр.128, на локацијата на поранешната дискотека Лоли Поп.
Менаџерскиот тим најавува луди журки и забава од четврток до недела, во периодот од 20 од 1 часот по полноќ, на површина од 500 метри квадратни во извонредно уреден простор, со одлично осветлување и озвучување, беспрекорна услуга и пристапни цени.
„Идејата е да го збогатиме ноќниот живот во градот, пред се на младите, во еден убав и современ простор. Планираме да организираме несекојдневни журки и забави со познати пејачи, групи и диџеи од Македонија, Србија и Бугарија. Ќе организираме тематски забави и изненадувања за нашите гости и верувам дека ќе бидеме омилено место за излегување на сите кои сакаат убав провод“, - изјави Силвија Стојковиќ, една од сопственичките на клубот.
Веќе за следните две недели закажани се гостувања на познати српски пејачи. На 10 февруари ќе гостува Гаги од групата Фанки Џи, а на 24 февруари Слаѓа Делибашиќ, поранешна пејачка на групата Џогани.
По примерот на светските клубови и во „Инфинити“ секоја вечер ќе биде со разновиден програм, а ќе се организираат Балкан парти, Бела ноќ, Пена парти, латино забави, машки и женски стритиз и многу други изненадувања за гостите.
Вечерва ќе настапи групата „Млади боеми“ со танчеркa.