Отворена биенална изложба од ликовната колонија “Куманово“
Во Уметничката галерија синоќа беше отворена биенална изложба, со дела од ликовната колонија “Куманово“.

Поставени се 24 дела, скулптури и една инсталација изработени од 38 уметници. Делата се работи во масло на платно, акрил на платно и комбинирана техника.
“Се надевам дека оваа традиција од над 40 години творештво и опстојување на колонијата, со учество на реномирани меѓународни уметници ќе продолжи и во иднина“-вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.
Изложбата е организирана од Музеј Куманово во соработка со градоначалникот и Советот на општина Куманово, а со поддршка на Министерството за култура.
“Ова е нешто за што градот Куманово доби заслуги како град на културата затоа што е препознатлива точка во музичката, ликовноста и културата – рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
За делата беше кажано дека претставуваат една хетерогена продукција и го отсликуваат просторот во Пелинце, каде уметниците твореле. Изложбата ќе трае 10 дена, а делата ќе останат во институциите и депото на музејот.