Отворена изложбата “Кумановски графичари 2015“
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена биеналната изложба “Кумановски графичари 2015“.

Изложени се 26 графики изработени од девет академски графичари од Куманово и тоа Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска и Елеонора Накевска.
Првата изложба беше организирана 2003 година и оттогаш на секои две години го претставуваме она што е актуелно на полето на графичката уметност во градот - рече Роберт Цветковски, историчар на уметност.
Изложбата ќе биде презентирана и во другите градови низ Македонија, а е поддржана од Министерството за култура.