Отворена изложбата на Фото арт групата “Ф7“
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата со уметнички фотографии од Фото арт групата “Ф7“.

Изложбата се организира по повод 5 годишниот јубилеј, а публиката ќе има можност да види 40 дела. На изложбата се претставени дела од автори од повеќе клубови.
“Посетителите имаат можност да разгледаат црно - бело, колор фотографии, портрети, пејзажи, актови, детали, живот. Фотографиите беа на слободна тема. Учествуваа автори од Скопје, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, а имаше и средношколци од Гимназија “Гоце Делчев“ кои прв пат се среќаваат со фотографија. Изложбата ќе трае десет дена, и има интересни фотографии“ - изјави организаторот Душан Доцевски.
Понатаму изложбата ќе биде презентирана во Центрите за култура низ Македонија.