Отворена ликовната колонија „Куманово 2018“
Во Меморијалниот комплекс на „АСНОМ“ во Пелинце, започна 44. Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2018“.

Оваа година учествуваат 15 академски ликовни уметници од Македонија и регионот: Србија, Бугарија и Романија.
Од Македонија учествуваат: Симонида Филипова Китановска, Мирјана Крстева Массетти, Страхил Петровски, Марина Лешкова, Мирослав Величковски, Петра Јовановска, Стефан Анчевски, од Србија: Јована Колиќ, Миљан Миленковиќ, Ана Миљковиќ, Милена Лазаревиќ, Милосав Урошевиќ, од Бугарија: Иван Чакаров и од Романија: Мануела Тодерас и Габриел Валериу Дима.
Уметниците ќе престојуваат до 11 август, а ќе работат сликарство во различни ликовни техники. За време на нивниот престој се предвидува посета на културно-историските содржини во околината на град Куманово, како и позначајни археолочки локалитети, во прв ред мегалитската опсерваторија Кокино.
Овој проект традиционално е поддржан од Министерството за култура и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.