×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена првата детска градинка во Старо Нагоричане

    30.03.2018 13:02 | KumanovoNews

    Започна со работа првата детска градинка во Општина Старо Нагоричaне.

    Отворена првата детска градинка во Старо Нагоричане

    Градинката е отворена во селото Младо Нагоричане и ќе згрижува 20 дечиња во комбинирана група од 2 до 6 години.

    Наменски адаптираниот простор се наоѓа во рамки на подрачното училиште во Младо Нагоричане, со површина од 91,7 м2 и посебен влез. За градежно-занаетчиските работи и опремувањето Министерството за труд и социјална политика (МТСП) обезбеди 3.001.780 денари.

    „Во моментов се запишани 10 дечиња, но се надеваме дека ќе добиеме уште една група од 10 дечиња. Во моментот градинката ќе работи како дел од детската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово, а планираме наскоро и ние како општина да отвориме градинка, која самите ќе ја стопанисуваме“, - изјави Жаклина Јовановска, градоначалничка на Општина Старо Нагоричане.

    Министерката Царовска изрази задоволство поради реализација на напорите да се отворат градинки и во места каде што никогаш немало, а особено во рурални средини, кои беа неоправдано запоставувани во минатото. На овој начин, не само што се овозможува подобар раст и развој на децата, туку се поддржуваат и родителите, особено жените од овие средини, кои многу често се спречени да се вклучат на пазарот на труд, токму поради немање поддршка во грижата за децата.

    На отворањето на градинката присуствуваа и вицепремиерот Оливер Спасовски и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

    Владата на Република Македонија е посветена на континуирано зголемување на просторните и кадровските капацитети на детските градинки во земјава, преку изградба или адаптација на простор, обезбедување согласности за вработувања и подобрување на квалитетот на програмите. Целта е вклучување во системот на детска заштита на што поголем број деца, кои досега немаа можност да посетуваат градинка.