Паднал плафон на аптека од синоќешното невреме
13.03.2018 09:17
| KumanovoNews
Паднал плафон на аптека на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово од силното невреме што синоќа го зафати Куманово.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК), прво дошло до протекување на кровната конструкција, по што паднал плафонот. Повредени нема.
Околу 20 часот, Куманово го зафати невреме проследено со силен дожд, град со големина на лешник и електрични празнења.
Поради затнатите шахти за атмосферска канализација, на булеварот „Октомвриска револуција“ и останатите улици во централното градско подрачје имало околу 50 сантиметри вода.